Европската комисија повикува на мирни протести за името


Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич  во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин.

– Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин, рече Коцијанчич .

Во текот на денот Комисијата прецизираше и дека се додека не бидат „комплетирани сите чекори“ од договорот, Европската Унија ќе продолжи на Македонија да и се обраќа со ПЈРМ, како што налага Привремената Спогодба.