До 31 декември пролонгиран Јавниот повик за субвенции за чистење оџаци


Јавниот повик за субвенции за чистење оџаци е продолжен до 31 декември 2018 година, соопшти денеска Град Скопје.

Оџакот треба да е исчистен од стручно лице вработено во регистрирана фирма за оџачарство.

Од објавувањето на јавниот повик во Скопје се исчистени 492 оџака што, според Градот, е значително зголемување во споредба со претходната година кога беа исчистени 274 оџаци.

-Ги повикуваме сите правни и физички лица да се пријавуваат на повикот за доделување субвенции за чистење оџаци, независно од периодот кога е оџакот исчистен, во текот на оваа календарска година, со валидна документација. Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел намалување на аеро-загадувањето и подобрување на животната средина, наведуваат од Град Скопје.