Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца


Во текот на денешниот ден, до 13 часот, 28 деца примиле МРП вакцина. Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ во Скопје, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.