ДОМ е против ГМО-храна


ДОМ реагира на најавените измени на Законот за безбедност на храна, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел овозможување на производство, ставање во промет и увоз во Македонија на ГМО храна.

Од партијата бараат јавна дебата.

-Сметаме дека во услови кога во нашата држава не постои акредитирана лабораторија во која ќе се контролира концентрацијата на ГМО во храната, отворањето на врата за ГМО храна, не е во интерес на пошироката јавност. ГМО е една од најконтроверзните теми на денешницата. Се водат жестоки битки на глобално ниво, на милиони ЗА и ПРОТИВ! Сите зелени активисти во светот се активно против. И во Зелениот манифест усвоен минатиот месец, на Собранието на Европските зелени, како еден од главните приоритети се наведува производството на квалитетна, локална храна, без ГМО и пестициди, соопштија од ДОМ.

Според партијата, минатите три децении покажаа дека ГМО храната не ја исполни целта за намалување на гладта на глобално ниво. Денес, преку 800 милиони луѓе се соочуваат со глад, а истовремено една третина од произведената храна, се губи или завршува како отпад.