Договорот со Бугарија влезе во парламентот


Предлогот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија влезе во процедура во македонското Собрание.

Овој Договор, што го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов е една од точките на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Конечната ратификација на Договорот треба да ја одобри наскоро и собранискиот пленум.

Заев и Борисов го потпишаа на 1 август годинава Договорот кој претставува надградба на Заедничката декларација од 1999 година и во него се третираат билатералните односи и соработката, согласно принципите на меѓународното право и добрососедството.