Димитров во Берлин на средба со Мас


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.

Димитров во Берли ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас, кој ја презеде должноста во март годинава.

За време на посетата, Димитров ќе се сретне и со Јан Хекер, советникот за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел,  а ќе го посети и германскиот Бундестаг, при што ќе има обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања, соопшти македонското МНР.