ДИК во 14 часот ќе одржи вонредна седница да ги повлекува бонусите


Државната изборна комисија попладнево во 14 часот ќе одржи вонредна седница, откако амбасадорот на САД, Џес Бејли, вчера обзнани дека членовите на Државната Изборна Комисија (ДИК) си изгласале по дополнителни четири плати по изборите во декември.

Тие претходно дополнително добиле плати и за пет месеци по изборите од 2016 година.

Гласањето за дополнителните плати било едногласно, од претставниците на сите партии во ДИК и од сите етникуми.

Во ДИК си исплатиле екстра пари и лани во јуни, иако изборите воопшто не се одржаа.