Детали за славјето на Владата: „Архангел“ ќе свират во Скопје, Ферус Мустафов во Велес


Владата објави детална програма како ќе се прославува поканата на НАТО. Со прослава низ 15 градови на 14 јули во сабота ангажирани се домашни музичи артисти.

Во секој од градовите ќе се свири различна музика.

Премиерот Зоран Заев утринава, пристигнувајќи на вториот ден на самитот на НАТО, ги повика граѓаните на Македонија на 14 јули на заедничка прослава во 15 градови низ земјата за да прослави поканата за НАТО како голем успех за сите граѓани.

– Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем испех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, изјави Заев во своето обраќање до граѓаните.

Погледнете ја програмата: