Дескоска-Саити: Здружението на судии ќе биде партнер во спроведувањето на реформите во правосудството


Министерката за правда Рената Дескоска денеска оствари работна средба со претседателот на Здружението на судии на Република Македонија, Џемаил Саити.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата се разговарало за реформите во судството, подобрување на статусот на судиите и обезбедување независност на судството, реформирање на системот за оценување и евалуација на работата на судиите, и ефикасноста на судските постапки.

Дескоска изрази заложба за продолжување на соработката со Здружението на судии и потенцираше дека партнерскиот однос ќе продолжи и во спроведувањето на реформите во правосудството.