Дескоска: Законот за помирување ќе се изработи во Собранието, не во Министерството за правда


Законот за помирување е закон што не се работи во Министерството за правда, туку во рамки на Телото за помирување во Собранието. Сите решенија ќе произлезат од таму и ќе бидат донесени во Парламентот, изјави министерката за правда Рената Дескоска пред денешната дебата за Предлог-измените на Законот за судови.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има општ закон за амнестија што го бараат и затворениците, Дескоска рече дека мотивите и причините за изјавата и ставот на премиерот се во насока на тоа дека изминатиот период веќе бил донесен закон за општа амнестија и оти треба да се има предвид целта на Телото што е формирано.