Ден на албанската азбука без македонски превод


Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика,  организираше  свечен прием во владата по повод денот на албанската азбука 22 ноември со кој се одбележуваат 109 години од битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана. На настанот не беше обезбеден превод на македонски јазик, а причина според извори од Владата била од техничка природа.

Претседателот на македонското собрание Талат Џафери упати честитка по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и рече дека негувањето на јазичните и културните богатства се влог во подобра иднина.

Вчера, инаку,  беше одложена комисиската расправа за законот за јазиции и таа ќе продолжи по донесување на буџетот. Претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби објасни дека ја одложил расправата затоа што неделава Собранието треба да се занимава за клучни реформски прашања.