Деновиве со температури под нулата, најстудено во вторник


Времето утре ќе биде студено, а наутро и претпладне со услови за слаб снег претежно во западните планнски делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. На југоистокот ќе биде претежно сончево. Минималните температури ќе се движат од минус 16 до 4 степени под нулата, а максималните од минус 6 до 1 степен. Во Скопје, претпладне ќе има услови за појава на слаб снег, а утре напладне времето ќе биде ветровито и со сончеви периоди, додека температурата ќе достигне од  минус 4 до 1 степен.

УХМР соопшти дека во наредниве денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури неколку степени под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под минус 10 степени, а на повеќе места и под минусните 15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда преку денот, но наутро ќе биде студено.