Денес протест против труењето на животните


Денес во 13 часот пред  Собранието  ќе се одржи протест против труењето на животните во Македонија. Протестот е организиран од активисти и љубители на животните, а целта е да  се привлечеме вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман на животните.
Притоа ќе се побара забрана за слободната продажба на отровите, а полицијата да спроведе сериозни истраги и да стави крај на нивното фрлање по улиците.