Денеска судење за случајот „Сопот“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот” во кој десет лица се обвинети за тероризам.

Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Обвинетите се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.