(Видео) Демонстранти фрлаат шок-бомби и камења врз полицијата


Шок-бомби и камења фрлаат дел од учесниците на вечерашниот протест  кон полицијата поставена пред Собранието на Македонија. Полицијата возврати со солзавец при што растера дел од учесниците во протестот.

Протестот се одржува поради незадоволство од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство.


Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Насобраните граѓани се обидуваат насилно да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во Парламентот.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден.