Демократски сојуз: Одговорност за иднината на државата имаат сите, но тежината ќе падне владата


Демократскиот сојуз ја поддржува определбата на Владата, во процесот на градење стратегија за разрешување на спорот за името да ги вклучи сите релевантни партии, државно политичкиот врв, како и експерти по меѓународно право, историчари, лингвисти, правници, политиколози и други.

Според нив, за прв пат граѓаните имаат можност директно да се соочат и да се вклучат во неговото разрешување.

„Одговорност за иднината на државата имаат сите, но тежината ќе падне на партиите од власта, кои имаат обврска да обезбедат поширок и политички и граѓански консензус. Време е за државничко однесување, лидерство и визија за наредните педесет години. Грешка не смееме да направиме ниту спрема генерациите пред нас ниту за тие што доаѓаат“, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.