Демант од општина Гази Баба на лажна вест објавена на порталот Економски лидер


Очигледна е тенденциозноста и лошата намера на текстот насловен „Се руши Скопски саем: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?“ објавен на порталот Економски лидер, во кој се искажани целосни невистини, очигледно не познавајќи ја процедурата за која е пишувано и без при тоа да биде побаран став од сите засегнати страни.

Целата постапка за оваа инвестиција е во согласно законските прописи. За истата постапка Советот на општината согласно закон нема надлежност за да го разгледува ова прашање на седница, нешто што портал што обработува економски прашања би требало да го знае како процедура.

Жалиме што во конкретниот текст акцентот на оној кој го пишувал не е ниту дозволата ниту пак постапката, туку етничката припадност на инвеститорот.

Вакви лоши обиди за извртување на фактите, преку пласирање на невистини, со цел преку лажни вести да се манипулираат граѓаните и да се подгреваат тензии, не смеат да бидат слика за новинарството во Македонија.