Дел од противниците на демаркацијата на косовската граница со Црна Гора, поседуваат пасоши на други држави


Дел од косовските пратеници, кои се најгласни противници на демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора, што е еден од главните услови за либерализација на визниот режим за косовските граѓани, освен косовски, за себе и за членовте на нивните семејства, поседуваат и пасоши на друга држава, па слободно патуваат во земјите на ЕУ, тврди приштинскиот весник „Експрес“.

Како што наведува весникот, најмалку седум пратеници на Движењето Самоопределување – Албин Курти, Висар Имери, Дардан Молиќај, Аида Дергути, Глауф Коњуфца, Реџеп Селими и Либурн Алиу, како и лидерот на Алијансата за иднината на Косово и актуелен премиер Рамуш Харадинај, поседуваат патни исправа на Албанија, чии државјани слободно патуваат во земјите на ЕУ од декември 2010 година.

Висар Имери, кој е и лидер на Самопопределување, поседува и британски пасош, како и неговиот сопартиец Фисник Исмаили, додека хрватска патна исправа има првиот човек на Косовските безбедосни сили, Рустем Бериша.

– Речиси два милиона граѓани се затворени како добиток во кафез поради политички инаетења. Но, токму оние кои играат со ова прашање за себе и семејствата поседуваат пасоши на Албанија, Норвешка, Велика Британија или на Швајцарија, вели познатиот косовски новинар и аналитичар, Адриатик Келменди.

Поради противењето на пратениците на Самоопределување и на Алјансата за иднината на Косово, Договорот за демаркација на границата со Црна Гора не беше ратификуван од претходнот состав на косовското Собрание.

Инаку, како што е најавено, утре новата комисија за оценување на граничната линија меѓу двете земји треба да реферира пред Владата, по што ова прашање треба да се најде на дневен ред на косовскиот парламент.

Договорот за демаркација на границата, потпшан во 2015 годна, веќе го ратификува црногорскиот Парламент.