Делегациите тргнаа кон Отешево на ручек


По потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, делегациите тргнаа од местото Псарадес (Нивици) кон Отешево. Македонските и гршката страна,. предводена од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и високите претставници на Европската унија и од Обединетите нации: Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло со глисери отпатуваа на нашата страна од Преспанското езеро. по заедничкиот ручек, предвидена е билатерална средба меѓу Заев и Ципрас.