Два македонски и три грчки чамци ги превезуваа Заев и Ципрас


Два чамци на Езерската полиција и три на грчките служби ги превезуваа делегациите што беа присутни во Псарадес (Нивици) на потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Најпрво, во 9.30 часот, македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев со два чамци тргна од Отешево кон грчкиот дел на Преспа.

По завршувањето на церемонијата околу 11 часот, сите пет глисери ги превезоа гостите (двете делегации и високите претставници на Европската унија и на Обединетите нации) назад во Отешево каде е предвиден заеднички ручек.