Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота


Атина ја испрати Вербалната нота до Скопје, потврдуваат грчки дипломатски извори, за грчката новинска агенција АНА.

Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат  министрите за одбрана на Македонија и на Грција, Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис.

Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да ѝ предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.