Грчки медиуми: Бутарис соседната земја повторно ја нарече „Македонија“


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за време на посетата на Скопје повторно го употреби името „Македонија“, означувајќи ја соседната земја, коментираат денеска грчките медиуми.

Зборувајќи на англиски пред новинарите Бутарис по средбата со премиерот Зоран Заев, предложи следната средба на премиерите на Грција и „Македонија“ да се одржи во Солун, посочуваат грчките медиуми.

Потсетуваат дека Бутарис и за време на минатогодишната посета го употребил името Македонија во интервју за телевизиска станица.

Бутарис вчера престојуваше во Скопје во рамки на обидите за имплементирање мерки на доверба меѓу двете земји и при тоа оствари средби со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Грчките медиуми денеска меѓу другото информираат и за средбата на посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември во Брисе