Грција сака прва да го ратификува приемот на Македонија


Грција сака да биде првата држава што ќе го ратификува пристапниот протокол со кој Македонија ќе стане членка на алијансата.

Ова висок функцинер на НАТО го најави денес, додавајќи дека НАТО сака да за забрза што е можно повече процедурата и веќе до крајот на овој месец да дојде првата делегација во Македонија и да ги почне пристапните разговори. Главен преговарач од страна на НАТО ќе биде Алваро Гонзалес.