Груевски „уловен“ пред банкомат во Унгарија


Гледач испратил фотографија до Телма, која, според нег,о се наоѓа пребеганиот екс премиер Никола Груевски.

На сликата што, според информациите,  е снимена завчера во супермаркет „Теско“ на периферија на Будимпешта се гледа како Груевски вади пари од банкомат.

Гледачот кој ја снимил фотографијата тврдел  дека Груевски  имал капче и шал преку лицето, а веднаш откако извадил пари се јавил по  телефон  и по него дошол џип со затемнети стакла. Груевски во Унгарија има статус на бегалец, а таму се наоѓа од 11-ти ноември, кога избега од Македонија наместо да замине на издржување  затворска казна.