Груевски: Тепањето во Собранието беше голема грешка


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, на денешниот конгрес во Валандово зборуваше и за „крвавиот четврток“, кој се случи на 27 април во Собранието, и истакна дека тепањето во Собранието било голема грешка.

– Тие луѓе беа поведени од емоции. Но тепањето во Собранието беше голема грешка. Сакаа да создадат перцепција дека зад тоа стои ВМРО-ДПМНЕ, а некои од граѓаните наседнаа на стапицата. Сите ги поддржувавме мирните протести, тие беа корисни за Македонија. Сега сме сведоци на политичка осветољубивост од невидени размери – рече Груевски.