Груевски прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Груевски на конгресот во Валандово беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му беше доделена плакета за благодарност за неговата работа во партијата.

Груевски рече дека жали што партијата е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од неговите членови.

– Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видам вакво однесување на мои блиски соработници кои се наоѓаат под притисок – рече Груевски.

Тој најави и Закон за амнестија за настаните од 27 април.

– ВМРО-ДПМНЕ веќе подготви закон за настаните од 27 април и наскоро ќе се појави во парламентот кој се надевам дека ќе биде прифатен – рече Груевски.

Груевски ги набројуваше и успесите на партијата и изрази благодарност до членовите и соработниците кои го поддржувале.