Груевски: Немав соработници од власта на патот кон азилот


Заминав едноставно во Албанија, се пријавив во амбасадата на Унагарија во таа земја и побарав политички азил.  Од таму дојдов во Унгарија на начин на кој беше одлучено со внатрешни нивни конуслтации, вели екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Сител, што е прво негово појавување во јавноста по бегството во Будимпешта. Тој одби да каже дали македонско-албанската граница ја минал на илегален или легален премин. Откако заминал од Албанија, како што рече, се движел низ регионот со лична карта, а во Унгарија влегол со документ кој му бил издаден во амбасадата на Унгарија во Албанија. Тврди дека при бегството немал помош од власта, која според него, да може би му направила само лошо. Не кажа дали ја употребил лиќната карта и за излегување од Македонија, нагласувајќи дека ќе ја оставел власта да поработи и да го открие тоа.

Останатиот дел од интервјто Сител ќе го емитува во централните вести во 19 часот. Според најавата, бегалецот Груевски ќе зборувал за своите сопартијци кои ги остави на цедило, пред се за Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски.