Груевски задоцни на судење, Фетаи бараше да го приведат


Судијата Душко Јосифов кој го води судењето за „шамарите во општина Центар“ ја раздвои постапката за обвинетиот Митко Пецов кој денеска по втор пат не се појави на рочиште. Неговите адвокати доставија потврда од доктор специјалист за скршеница на десеттиот пршлен по што му е укажано да мирува, а домот да го напушти само доколку е тоа неопходно.

На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која побара да биде раздвоена постапката. „Минатиот пат беше болест, сега скршеница на некој си пршлен, ова не е дозволиво, наредниот пат може ќе каже дека забременил, барам да се издвои постапката за обвинетиот Пецев”, рече Фетаи.

Во овој случај обвинет е и поранешниот премир Никола Груевски кој доцнеше на денешното рочиште. Фетаи побара Груевски да биде приведен, но неколку минути по нејзиното барање, Груевски се појави во судница.