Груевски до пратениците од мнозинството: Ова не е ноќ за спиење, туку за премислување!


Поранешниот  премиерот Никола Груевски, кој е во Будимпешта, каде доби азил, на неговиот фејсбук профил се огласи пред гласањето за промената на Уставот.

-Течат последните часови до промената на Уставот заради преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата,пишува Груевски.

-Секому стана јасно дека без национално предавство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните материјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.

Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата волја, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника.

За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно….барем јас знам, пишува меѓу другото Груевски на неговиот Фејсбук профил.