Граѓаните на Гостивар утре без вода за пиење


Гостиварскато јавно претпријатие „Комуналец“ за утре најавува прекин во снабдувањето со вода за пиење преку градскиот водовод. Како причина се наведува санација на дефект на главниот цевковод ф-500 во близина на селото селото Здуње.

– Стручните служби утре ќе изведуваат работи за отстранување на дефектот, а поради тоа водоснабдувањето во сите делови на градот и околните села приклучени во градскиот водовод, ќе имаат привремено привремен прекин во снабдувањето. Очекуваме да наидеме на разбирање и трпеливост од граѓаните, стои во соопштението од службата за информирање.

Од гостиварски „Комуналец“ нагласуваат дека работите за отстранување на дефектот ќе започнат во 09:00 часот, но поради природата на дефектот, не може да прецизираат колку време ќе биде потребно санацијата и кога водоснабдувањето ќе биде нормализирано.