Градоначалниците Каминис, Бандиќ и Ахмети на концерт во Скопје


Градоначалниците на Атина, Јоргон Каминис, на Загреб, Милан Бандиќ и на Приштина, Шпенд Ахмети, заедно со градоначалници на повеќе градови од земјава беа поканети вчера од Петре Шилегов на концерт во скопскиот парк. Скопскиот градоначалник поканата ја третираше како приватна.

На концертот со програма настапија Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и трибјут-бендт од Србија. Концертот беше планиран за 21 часот , при што се свиреа хитовите на познатата група „Квин“.

Со градоначалниците од регионот Шилегов имаше работна средба, а не беше јасно по кој повод беа поканети тие од регионот.