Градоначалникот Шилегов на регионална конференција во Тирана


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов учествува на регионалната конференција што се одржува во Тирана на тема „Градови без корупција на иднината“.

Како што соопштија од град Скопје, на дводневната регионална конференција, главна тема е превенцијата на корупцијата на локално ниво.

Регионалната конференција, која започна вчера, е организирана од УНДП, антикорупциска мрежа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД и Регионалната антикорупциска иницијатива – РАИ.