„Гладијаторот“ Расел Кроу се огласи за спорот со името


Познатиот актер Расел Кроу на својот профил на Твитер се огласи по повод решавање на долгогодишниот спорт за името меѓу Грција и Македонија.

„Случајни мисли од Фиренца, jа сакам Грција, ја сакам Македонија, се надевам дека се ќе биде во ред“ – напиша тој.

Педесет и четигодишнот актер во моментов престојува во Италија, минатата недела беше во Рим на проекција на филмот „Гладијатор“ и рече дека тоа е неговот прво гледање на филмот откако е премиерно прикажан.

ROME, ITALY – JUNE 05: Russell Crowe attends the ‘Il Gladiatore In Concerto’ presentation on June 5, 2018 in Rome, Italy. (Photo by Elisabetta A. Villa/Getty Images)

Деновиве пак е во Фиренца, кадешто тамошните папараци го уловија како пие пиво во локалните барови. Она што ги привлече медиумите е неговиот забраден изглед.