Германска амбасада: Не е точно дека се овозможува работен престој без виза до 6 месеци


Германската амбасада во Скопје реагира на написите во медиумите дека со почетокот на оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија.

Во текот на вчерашниот ден е кружеа информации дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој во најсилната европска економија ако докаже дека има доволно пари за самостојно да се издржува и покаже одредено ниво на познавање на германскиот јазик.

Од германската амбасада велат дека овие информации се неточни.

„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 1.1.2019 година и кој  на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни.  Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи“, стои во соопштението.