Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција


Германија се приклучи на повиците упатени кон Македонија да го спроведе Договорот со Грција кој ќе го отвори патот на државата кон НАТО и ЕУ.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала.

Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не беше постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата.