Гаши: Tреба да се гордееме со оваа Македонија, која успеа да стигне пред вратите на ЕУ


Претседателот на Движењето Беса, Африм Гаши смета дека граѓаните треба  да се гордеат со Македонија, која успеа да стигне пред вратите на ЕУ. Според Гаши сега е време кога граѓаните треба да се погледнат и да видат  кои работи треба да ги сменат за да влеземе во Европската унија како Европејци, а не како дојденци од земја што Европа ги прифаќа заради милост, а не дека ги чувствува како нејзин рамноправен дел.

„Верувам дека првата работа што треба да се направи, за Македонија да стане Европа, е сите ние да создаваме услови за добар живот за нашите млади. За да се постигне ова, предуслов е младите да ги вклучиме во нашите одлуки, бидејќи ним им припаѓа иднината, на помладата генерација, за да имаат и тие можност да одлучуваат за нивната судбина. Паралелно со тоа, мора да бидеме ослободени од мрачното минато, од времето на слоганите „смрт за Шиптарите. Во име на Движењето БЕСА сакам да упатам порака до сите млади да го негуваат овој дух и да придонесат среќата да не се бара на сметка на нечија несреќа. Отсега натаму треба да има само “натписи” кои промовираат соживот и взаемна толеранција“, истакна Гаши.