Гаши: Да нема забуни, нашите три пратеници се за уставни измени


Крилото на БЕСА на Африм Гаши е за уставните измени и членството во НАТО, информираше нивнито лидер.

„Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат“, соопшти Гаши во допис до медиумите.

Тој уште еднаш потврди дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО.

„ Убедени сме дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата“, стои во дописот.