Гарет: Договорот и го отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ


Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името посочувајќи дека тоа ќе го отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО.

– Тоа не е добор само за Македонија, туку и за регионот, рече Гарет по потпишувањето на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија .

Тој изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори на состанокот на Советот на ЕУ, а подоцна и покана за членство ов НАТО.

Британскиот амбасадор ја повтори изјавата на министерот за надовршени работи на Велика Британија, Борис Џонсон дека ова е фантастична вест и дека за постигнување на овој договор е потребно големо лидерство и политичка храброст, повикувајќи ги лидерите од двете земји да ги ползуваат бенефитите што договорот ќе ги донесе.

Амбасадорот Гарет исто така рече дека е особено важно да се посочи на поздравните пораки кои вчера дојдоа од светските метрополи како Лондон, Вашинготн, Берлин, од првите луѓе на ЕК и НАТО, како Могерини, Туск, Хан, Столтенберг…

Според него, овие пораки покажуват колку е добредојден овој развој на настаните.