Вториот најголем светски огласувач Унилевер им се закани на Фејсбук и Гугл
Унилевер, еден од најголемите светски прозводители на храна, се закани дека ќе ги повлече своите реклами од Фејсбук и Гугл.
Гигантот се закани дека доколку дигиталните платформи, како Фејсбук, не успеат да ги заштитат децата од вршење поделби, ширење на омраза и други манипулации, тие ќе ги повлечат своите реклами.
– Нам ни е потребна доверба од потрошувачите и не сакаме нашите брендови да бидат поврзувани со лажни вести, говор на омраза и слично, сметаат од дирекцијата за маркетинг на Унилевер.
Гигантот е втор најголем светски огласувач веднаш по „Проктер енд Гембл“ со околу седум милијарди фунти потрошени за таа цел.