Врховен ја укина пресудата, „Монструм“ се враќа повторно на судење


Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012-та година се враќа на почеток. Ваква одлука донесе Врховниот суд на земјава. Оттаму информираа дека жалбите на одбраната се уважени, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување.

Претходно, обвинителката Лилјана Спасовска побара постапката да се врати од почеток поради пропусти во истрагата, поврзани со вештачењето и со прислушуваните материјали кои ги има СЈО.

Во овој случај, шестмина беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.