Времето денес ведро и студено


Во Македонија утринава е студено и ведро со температури кои се спуштија под 11 степени. Најстудено е во Лазарополе, а најтопло во Гевгелија и Дојран. 

Во Берово утринава се измерени -10 степени, во Маврово -9, во Охрид, Крушево, Претор, Битола, Скопје-Петровец -7, во Прилеп и Демир Капија -6, во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип и Струмица -5, во Тополчани, Скопје-Зајчев рид, Виница и Куманово -4 и во Ѓуриште -3 степени. Нула степени утринава е темепратурата во Гевгелија и еден степен во Дојран.

За денеска се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе се движи од  -1 до 9 степени. Во Скопје, слично време со максимална температура до пет степени.