Во Штип се прави стратегија за младите


Советот на млади на Општина Штип денеска работеше на стратегијата со која во наредните пет години треба да се подобри животот на младите.

Кире Јорданов од Советот на млади изјави дека нестабилната економска состојба, невработеноста, спортот и културата се недостатоците на кои треба да се посвети поголемо внимание, на што укажале младите во анкетите спроведени изминатиот период.

– Во рамки на локалната младинска стратегија секоја година ќе се прават акциски планови за да се унапреди положбата на младите, посочи Јорданов.

Во следниот период планирани се серија на работилници и средби со младите за да се утврдат приоритетите во стратегијата која како документ ќе биде доставена и општината.