Во сообраќајна несреќа во Мексико загинаа најмалку 25 мигранти


Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а десетици се повредени во Мексико, кога камион кој ги пренесувал излетал од патот.
Возилото излетало од патот меѓу градовите Сојале и Чикоасена, во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, а која граничи со Гватемала.
Главниот обвинител во земјата вели дека во несреќата најмалку 25 се загинати и 29 се повредени. Според информациите од властите, жртвите патувале во бел камион кој тежел околу три тони и немал регистарски таблички.
Фотографии од местото на несреќата го покажуваат камионот во бездна и расфрлани тела насекаде. Сѐ уште не е јасно која е причината за несреќата.
Мигрантите кои преку Мексико патуваат кон САД, често наместо да одат пешки стопираат возила како камиони, за да стигнат побрзо до целта.