Во првото тримесечје вработени 749.892 лица, невработеноста 21,6 отсто
Од вкупно 956.640 лица активно население во Македонија, вработени се 749.892, а невработени 206.748 лица, покажува анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2018 година.
Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.6, додека стапката на невработеност изнесува 21.6 отсто.