В понеделник почнува пленарната седница за уставни измени


Во понеделник, на 15 октомври, парламентот ќе ја почне пленарната расправа за владиниот предлог за пристапување кон уставни измени, согласно со договорот со Грција.

Претседателот на парламентот Талат Џафери ја закажал веќе 61. седница на Собранието, со почеток во 11 часот. Единствена точка на дневниот ред  е предлогот за пристапување кон уставни измени. Во меѓувреме, треба да заседава Уставната комисија, која се очекува да ја почне расправата утре на пладне.

Пленарната седница може да трае најмногу 10 дена.

Владата предлага четири интервенции во Уставот. За да почне постапката за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 гласови.