Во Дојран се е распродадено за дочекот


Во Дојран се е подготвено за дочек на Новата 2018 година. Уште пред две недели беа распродадени расположливите капацитети во приватниот и комерцијалниот сектор, така што до синоќа можеше да се најде некое слободно место само во приватните ресторански капацитети, велат од Туристичкото биро во Дојран.
Според пресметките на туристичките работници, Новата година во Дојран ќе ја пречекаат околу 10.000 гости од кои 6.000 се сметени по приватните викендици на 250-те регистрирани издавачи на соби, а останатите гости во капацитетите на најпознатите хотели, Романтик, Истатов и Полин.
Новата година, бројните гости од блиското опкружување, но и од странство, пред се од Грција и Србија, во весело расположение ќе ја пречекаат во ресторанските капацитети во Дојран, каде цените по лице се движат од 1.300 до 2.000 денари во хотелот Романтик.
На југоистокот од Македонија, организиран дочек на Новата година ќе има и во Гевгелија, во Негорските бањи, како и во викендиците на планинското оморалиште Смрдлива вода на планината Кожуф.