Во Гевгелија снесено јајце со сонцето од Кутлеш


На првиот ден од Новата година, гевгеличанецот Лазар Трајанов во својот кокошарник пронашол необично снесено јајце на кое е отсликано сонцето од Кутлеш.

Во првиот миг, додека ги собирал јајцата, Лазар бил изненаден од обликот и симболот на јајцето и помислил да го фрли оти е недоносено, но кога подобро го загледал забележал дека на јајцето јасно се гледа формата на сонцето и дека се изразени зраците околу него.

Трајанов денеска ни потврди дека одгледува дваесетина кокошки за свои потреби и дека никогаш претходно не пронашол такво јајце, додека пак производителите на јајца појавата ја сметаат за природен феномен, но веруваат дека е предзнак за среќа и благосостојба.