Вонредна владина седница за уставните измени


Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 92-та вонредна седница со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот.

Почетокот на седницата е закажан за во 16:00 часот, соопшти владината прес-служба.

Предлог измените на Уставот произлегуваат од договорот со Грција за решавање на 27-годишниот спор за името. За менување на Уставот неопходно е двотретинско мнозинство во Собранието.

Премиерот Зоран Заев по референдумот на 30 септември ги повика сите пратеници во Собранието да дадат поддршка за усвојување на потребните уставни амандмани во Собранието. Најави дека ќе се консултира со пратениците до 10 септември кога ќе ги соопшти следните чекори.

Доколку не се обезбеди потребното мнозинство, единствената опција, според Заев, останува распишување вонредни парламентрани избори на крајот на ноември.