„Воведен час за кодирање“ за средношколци на ФЕИТ


Повеќе од 70 средношколци од девет училишта учествуваа на Четвртиот интернационален настан „Hour of Code“ (Воведен час во кодирање), што се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Овој меѓународен настан има цел да ги воведе младите во светот на програмирањето и информатичките науки, а средношколците имаа едначасовна можност да се запознаат со концептите и практично да реализираат проект – игра.

Настанот го организира Студентскиот парламент на ФЕИТ во соработка со демонстратори од институтот Компјутерски технологии и инженрство на Факултетот и со поддршка од компанијата Netcetera.

„Hour of Code“ за првпат се организираше во Македонија по иницијатива на Студентскиот парламент на ФЕИТ во 2014-та година и прераснува во традиционален настан кој ги воведува младите луѓе со светот на програмирањето.