ВМРО-ДПМНЕ ќе го интерпелира Димитров


ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како грев му се посочува дека заедно со премиерот Зоран Заев потпишале „капитулантски договор“, со кој ги понижиле и разградиле македонските национални и државни интереси.

„Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс. Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Тој е најнеуспешниот министер за надворешни работи. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.